Поврзи се со нас

Гостивар

Годишно 10 до 15 малолетнички во Гостивар стануваат мајки

Објавено

на

Малолетничката бременост е проблем кој се` уште е присутен на гостиварските простори. Медицинските статистики покажуваат дека на годишно ниво, 10 до 15 тинејџерки стануваат мајки.

Предизвикот за нив и семејствата е голем, со оглед на психолошкиот ефект и емоционалната недозреаност. Освен тоа, телото и организмот не се доволно развиени и подготвени, па бременоста кај малолетничките се води како ризична.

„За разлика од пред двесетина години, може да се каже дека сега има помал број на малолетни родилки, но сепак ги има. Годишно бројката се движи од 10 до 15. Најголемиот дел од малолетничките коишто се породиле на нашето одделение биле на возраст од 15 до 17 години. Тоа е еден општествен проблем, но кај некои има и традиција да се мажат на помала возраст и така останува. Во секој случај, треба да се работи на едукација со младите за да нема несакани бремености“, вели д-р Агим Јакупи, раководител на гинеколошко-акушерското одделение во Гостивар

Бројката на тинејџерки мајки не ја отсликува целосно состојбата со малолетничката  бременост, затоа што има девојки кои бараат абортус. Сознанијата кажуваат дека прекините на бременоста најчесто ги прават во установи во други градови, заради дискреција.

За да се делува превентивно, стручните лица сметаат дека е неопходна едукација и информирање на младите во врска со репродуктивното здравје и начините за заштита од несакана бременост.

На светско ниво секоја година околу 16 милиони малолетнички раѓаат бебиња.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена