Поврзи се со нас

Вести

Новинарите во Гостивар на обука за антикорупциски стории

Објавено

на

Новинари и граѓански активисти од повеќе градови, учат како да се направи квалитетна сторија од областа на анти-корупцијата. Обуката, што се одржува во Гостивар е дел од проектот „Анти – корупциска вест на локалните медиуми“ кој го спроведува Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар.

„Целта на обуката е вмрежување и поврзување на граѓанските организации и медиуми да дејствуваат како проактивни актери во борбата против корупцијата на локално ниво. На тој начин ќе се влијае врз вклучување на сите засегнати страни и воспоставување на силни структури на одговорност“, изјави Добринка Темелкова, координатор на проектот.

Учесниците на обуката се информираат за домашната легислатива и институции за борбата против корупција, техниките и методите на обработка на теми од областа на корупцијата како и за принципите на истражувачко новинарство и соодветно користење на извори.

Активностите на здружението Медиум од Гостивар, се спроведуваат во рамки на поширок проект „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ на Центарот за управување со промени од Скопје во соработка со Институтот за човекови права, финансиран од Европската Унија.

 

 

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 3 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 6 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 6 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 6 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 7 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 8 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена