Гостивар
ДУИ Гостивар: И по 3 години власт ветувањата на градоначалникот останаа само празни ветувања
Огранокот на ДУИ во Гостивар излезе со критики за работењето на актуелната општинска власт. „ Главните ветувања на градоначалникот во предизборната кампања и денес по 3 години владеење остануваат само ветувања“, подвлече Имран Жупани, во обраќањето од седиштето на ДУИ во Гостивар.
Жупани нагласи дека актуелното општинско раководтво реди неуспеси и ги разорачува граѓаните.
„Во отсуство на идеи и решенија за сите проблеми што ја карактеризираат општината, сегашниот градоначалник наоѓа изговори и виновник за тоа што не е реализирано, и глуми жртва. Вистината е една и единствена, а тоа е неуспехот на оваа раководство и за жал очајот за граѓаните. Главните ветувања на предизборната кампања и денес по 3 години владеење остануваат само ветувања. Дали имаме помалку загаден воздух, помалку кучиња скитници по градските улици?Дали имаме филтрирана вода, паркинзи, јавен превоз? Нови фабрики? Одговорот е еден за сите прашања: -Не. Немаме ништо од овие ветувања. Имаме зголемување на јавниот долг на 3 мил. €. Хаотична состојба во урбанизмот и сообраќајот Имаме ударни дупки насекаде по улиците. Узурпирање на јавен простори, нечистотија, политизирано образование, непотизам, политичка одмазда.“, рече тој.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот