Вести
4 мртви, 17 повредени во терористички напад во Виена, полицијата трага по напаѓачите
Австриската полиција трага по најмалку еден осомничен по неколкуте вооружени напади во главниот град Виена, во кои беа убиени три лица.
Тројца цивили и еден напаѓач се убиени во синоќешните терористички напади во Виена, потврди австриската полиција. 17 лица беа повредени, од кои седум потешко. Полицијата уби еден напаѓач, за кого тврди дека е симпатизер на Исламската држава. Армијата ја презема заштитата на објектите и локациите во Виена од полицијата.
Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер го опиша убиениот напаѓач како „исламски терорист“.
Тој исто така на прес-конференцијата рече дека напаѓачот е симпатизер на Исламската држава, како и дека бил извршен претрес во неговиот стан и дека биле запленети видео материјали. Нехамер рече дека барем уште еден од напаѓачите е во бегство и дека тој е „вооружен и опасен“.
Пукањето започнало во близина на главната синагога во Виена, но сè уште не е јасно дали тоа било целта.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц го нарече настанот „одвратен терористички напад“ и потврди дека еден од напаѓачите исто така бил убиен.
Нападот се случи само неколку часа пред да стапат во сила новите мерки за борба против ширењето на коронавирусот. Многу луѓе беа излезени надвор, по барови и ресторани, пред да се затворат на полноќ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот