Гостивар
Земјотресот ја замати водата во мавровскиот регион – ЈПКД Маврово со препорака да не се пие
Од силниот земјотрес што го погоди утрово гостиварскиот регион, со епицентар кај селото Леуново дојде до заматувње на водата за пиење во водоводот на мавровското подрачје. Јавното комунално претпријатие „Маврово“ околу 9.30 минути излезе со препорака граѓаните за сега да не ја користат водата за пиење.
„Поради земјотресот кој епицентар беше во Мавровскиот регион, дојде до заматувње на водата за пиење во водоснабдителните мрежи. Ви препорачуваме извесен период додека потресите не се смират, водата директно од вашите чешми да не ја пиете“, соопштија од претпријатието.
Земјотресот се случи рано утрово во 4.54 часот. Според мерењата на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот имал јачина од 5 степени по Рихтер. Материјални штети до сега не се пријавени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот