Поврзи се со нас

Гостивар

Социјалци во Гостивар чекаат кров над глава, социјалните станови се‘ уште не се распределени

Објавено

на

Бројни социјални семејства и ранливи групи граѓани во Гостивар полагаат надеж дека во социјалната зграда ќе си обезбедат кров над главата. Но, наместо да бидат нечиј топол дом, социјалните станови во Гостивар се’ уште зјаат празни. Вкупно 70-тина станови се сместени во два влеза на зградата. Објектот е вселив и со извршен технички прием. Распределбата на становите се одолговлекува поради административни процедури.

Најпрво мораше да се прави нова методологија за рангирање, поради измени во Законот за социјална заштита, каде беа утврдени нови категории граѓани кои ќе можат да аплицираат за социјален стан.

Сега заради одредени измени во тек на градбата, потребно е одобрение од општинскиот Сектор за урбанизам. Инвеститорот, Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор поднел барање за одобрение, а од урбанизам велат дека обработката е во процедура.

„Одобрението за градба на тој објект е издадено во 2014-та година, но со оглед дека во текот на изградбата имало измени, Акционерското друштво поднесе барање за одобрение за измени во тек на градба. Тоа е во процедура и во фаза на пресметка на сумата што треба да се плати, значи кај пресметувачот. Тековно се јавуваат одредени други работи, затоа што одобрението е од 2014-та, тогаш се‘ одело во хартиена форма, а сега преку електронскиот систем и  пресметувачот ги нема сите податоци за претходната пресметка, па неопходно е тие да се достават од страна на инвеститорот.“, изјави Кадрије Алиу, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Гостивар.

Откако ќе биде издадено одобрението, објектот ќе може да се впише во катастар и да се отвори оглас за распределба на становите. Но, кога точно ќе се завршат сите административни процедури, не се знае.

За објава на огласот Министерството за транспорт и врски чека на доставување на целокупната документација за социјалната зграда од страна на Акционерското друштво.

Од Министерството објаснија дека согласно закоснките одредби за социјални станови може да аплицираат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

Деца без родители или родителска грижа,  корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, семејства со лица со попреченост, припадници на Ромската заедница социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 3 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 4 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 7 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 9 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 11 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 13 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 14 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена