Поврзи се со нас

Македонија

Верските лидери со заеднички апел: Да празнуваме со семејството и да се избегнуваат собири

Објавено

на

Во пресрет на новогодиините празнувања директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски одржа работна средба со поглаварите на црквите и верските заедници: Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Реисул Улема на ИВЗ х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов и суперинтендентот на ЕМЦ г-дин Марјан Димов. Поради објективни причини отсуствуваше претседателот на ЕЗРМ г-ѓа Берта Романо Николиќ.

„Со оглед на периодот кој ни претстои верските лидери едногласно апелираат до граѓаните да се придржуваат до сите пропишани мерки за заштита од коронавирусот пропишани од здравствените власти, да не го губат трпението, затоа што во пресрет на имунизацијата одговорноста за контролата над вирусот кај секој од нас е највисока. Да празнуваме одговорно, да бидеме во кругот на семејството и да избегнуваме собири, освен кога е неопходно, но со доследно почитување на обврската за одржување дистанца и носење на заштитна маска.“, соопштија од комисијата.

На средбата присутните ги разгледале и резултатите од истражувањето изработено од Комисијата за односи со верските заедници на јавното мислење кај младата популација и разменија мислења по однос на истото. Верските лидери се согласни во следниот период да се формира група на пријателство помеѓу младите идни верски службеници, свештеници и имами со цел воспоставување на средина за нивно навремено запознавање и соработка, што е особено значајно за нашето мултиконфесионално општество.

Верските лидери на средбата размениле мислења по однос на реформите во основното образование и едногласно бараат од надлежното ресорно Министерство за образование вклученост на црквите и верските заедници во јавната дискусија по предлог измените во законот со цел зачувување и унапредување на наставниот предмет етика во религиите и заштита на правата на наставниците кои го предаваат, но и овозможување на децата настава по круцијалните научни дисциплини со избегнување на решенија кои согласно нашите општествени вредности не би биле соодветни.

Верските лидери разговарале и во однос на предлог Законот за заштита и спречување на насилство врз жената и предлог Законот за даноците на имотот, за кои со цел подобрување на законската регулација конструктивно ќе придонесат со предлози до надлежните предлагачи.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 34 минути

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 2 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 4 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 5 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 18 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 19 часа

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 20 часа

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 21 час

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Вестипред 22 часа

АстраЗенека призна дека нејзината вакцина против Ковид може да предизвика тромбоцитопенија

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена