Поврзи се со нас

Занимливости

1,56 милијарди заштитни маски завршиле во океаните

Објавено

на

Во текот на 2020 година произведени се над 50 милијарди заштитни маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарди парчиња завршиле во океаните, покажуваат податоците на групата „Oceans Asia“.

Во извештајот се цитираат застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количината на маски што завршиле во нив, тоа е сериозен проблем. Се проценува дека се потребни 450 години за да се распадне една пластична маска.

Исто така, во извештајот се наведува дека околу 3 проценти од произведените 52 милијарди маски ќе завршат во нашите води. Овие се загрижувачки бројки, бидејќи пластичниот отпад убива околу 100.000 морски цицачи и желки, повеќе од милион морски птици и многу повеќе риби, безрбетници и други морски суштества годишно.

Пластичниот отпад влијае не само на морскиот живот, туку и на крајбрежните заедници, риболовот и економијата.

Пластичниот отпад драстично се зголеми во текот на изминатата година, поради пандемијата на коронавирусот, поради обврската за носење на заштитни маски и ракавици, и тоа ќе има негативно влијание врз природата.

“Маските за еднократна употреба се направени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради нивниот состав, ризик од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе бидат фрлени и кога системот за управување со отпад е несоодветен, преоптоварен и ако го има воопшто”, се вели во извештајот.

Отпадот предизвикува штета на океаните и животните, а пример е мртов пингвин пронајден на плажа. Во чиј стомак имаше маска.

Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија со што може да се минимизира влијанието на пластичниот отпад. Меѓу нив има и маски за повеќекратна употреба кои се направени од материјали што можат да се рециклираат. Во секој случај, како и да е потребно е маските и ракавиците да се фрлаат на соодветен начин. Исто така е важно да се избегне пластично пакување и да се изберат еколошки алтернативи.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Бизниспред 3 минути

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 час

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 2 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 4 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 15 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 16 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 21 час

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 22 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 23 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена