Гостивар
Бројот на активно корона заразени во регион на Гостивар падна на 332
Епидемиолошката слика со коронавирусот на подрачјето на Гостивар се подобрува. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, моментално активно болни се 332 лица, што е опаѓање за над сто во период од неколку дена. Намален е и бројот на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација. Министерството за здравство во вчерашниот извештај информираше дека во ковид одделенијата на гостиварската болница се лекуваат 15 пациенти.
Состојбата е подобрена и на државно ниво. Бројот на активни случаи во земјава е 12.635, од кои најголемиот дел 7.373 се во Скопје, 466 во Тетово и 452 во Куманово.
„Мерките беа добро димензионирани и дадоа резултат. Имаме значителен пад на ново дијагностицирани случаи, а болничкиот капацитет е преполовен. Од следната недела почнуваат со редовна работа одделенијата за офталмологија и оториноларингологија. Упатувам благодарност до граѓаните коишто ги почитуваа превентивните мерки за време на новогодишните празници. Ситуацијата е смирена, но не смееме да се опуштиме. Да ги почитуваме мерките. Внимателно ги следиме сите аспекти од епидемиолошката состојба.“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница