Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар доделена помош на 15 мали и средни бизниси за справување со коронакризата

Објавено

на

Мали и средни фирми од Гостивар добија грантови, како помош во справување со негативните ефекти што ги донесе коронакризата. Се работи за 15 локални бизниси, на кои им беа доделени по 500 евра.

Активноста е дел од проектот „Борба против ширењето и ублажување на најсериозните негативни последици од пандемијата Ковид-19 кај маргинализираните заедници на западен Балкан”. Го координира организацијата Care од Косово, додека во Македонија го реализира невладината Месечина од Гостивар.

„Денешната активност е свечено потпишување на договори со 15 мали и средни бизниси, кои или започнуваат или сакаат да го развијат бизнисот, добиваат по 500 евра грантови. Парите се наменети за набавка на машини, алати или репроматеријали што треба да им помогне во ови етешки пандемиски услови да полесно ја надминат кризата. Ова е последна активност од проектот, а претходно беше доделена помош на социјално загрозени семејства, во хигинески пакети и пакети со храна. Исто така беа ангажирани 50 волонтери кои се парично наградени.“, рече Мухамед Точи, претседател на „Месечина“

Ударот што го нанесе пандемијата врз локалната економија се одразува и врз буџетите на локалните самоуправи. Фирмите немаат средства да ги плаќаат даноците и другите давачки и општинските каси се тенчат.

„Периодот е тежок, приходите се минимални, имаше и периоди со блокирање на сметки, неможост за плаќање, меѓутоа тоа е соочувањето со оваа криза. Се надеваме да поминат одредени закони со кои ќе има финансиска помош за општините. Би сакал да кажам дека за општина Гостивар немаше никаква помош од владините институции, ниту една маска ни ракавици, за разлика од другите општини. Од 30 милиони евра што ги пренаменија од аеродромот во Штип, за општина Гостивар нема ниту еден денар“. изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар

Проектот за помош на маргинализираните групи е финансиран од Германското сојузно министерство за надворешни работи со вкупно 40 илјади евра.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 15 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 17 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 20 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 20 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 20 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 21 час

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена