Гостивар
Охридски хотелиер со убав подарок за малите планинари од Гостивар и водичот Шурбан
Сторијата за малите планинари вклучени во планинарската школа на лиценцираниот водич од Гостивар, Исмет Шурбан поттикна охридски хотелиер да им приреди пријатно изненадување. Рашид Муса сопственик на Комплекс Мизо во Охрид на целата група деца и водичот им подарува бесплатен викенд во неговиот објект. Муса вели дека бил воодушевен од ентузијазмот и љубовта кон планините на малите гостиварци, како и од трудот и посветеноста на Шурбан во ангажманот со младите генерации.
„Во врска со вашата објава за планинарот што ги обучува децата, би сакал да им пренесете на младите планинари и водичот дека имаат отворена понуда, кога ќе посакаат да дојдат во Охрид на викенд, да ги прошетаат и запознаат и нашите планини. За сите планинари ќе биде обезбедено сместување, оброци и организиран превоз до кое место ќе посакаат. Вистинско задоволство е да придонесеме младите да се дружат со природата.“, напиша хоелиерот во порака до редакцијата на Gostivarpress.mk.
За убавиот гест на сопственикот на комплексот Мизо веќе го информиравме водичот Шурбан, кој со дечињата продолжува и натаму да работи неуморно и да ги инспирира за нови планински доживувања.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот