Гостивар
Нов младински центар во Гостивар – поддршка за вработување и бизнис идеи на младите
Во Гостивар денес официјално беше пуштен во употреба Младински Ресурсен Центар. Станува збор за иновациски центар за обуки и едукации кои на младите треба да им помогнат за вработување и самовработување, со фокус на работните места на иднината. Ова е трет центар наменет за младите во Гостивар.
„Како општина многу важно е што имаме младински центри, ова е трет што се отвора во последните години во Гостивар. Може да се види дека ги поседува сите елементи да биде функционален, не само за младите од Гостивар туку и за сите млади во Полог. Условите се фантастични, ќе има одржливост и може да гарантирам дека ќе ја има целокупната поддршка на Општина Гостивар.“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
На отворањето присуствуваше министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска. „Поддршката на младинските центри е одраз на посветеноста на Владата, особено на Министерството за труд, за поддршка на младите и на нивната креативност. Младинскиот Ресурсен Центар во Гостивар дава можност и поддршка младите да ја развиваат својата креативност и бизнис идеи и понатаму да ги развиваат во вистински бизниси, заедно со сите чинители да учествуваат на пазарот на трудот. Дека Полошкиот регион има сериозен потенцијал за развој на бизниси покажуваат резултатите од оперативниот план за активни мерки, со кој биле отворени 231 нов бизнис, од кои 83 бизниси се основани од млади.“, изјави министерката.
Центарот е поддржан преку проектот на Швајцарска агенција за развој и соработка „Креирање на можности за работа за сите – главна фаза“, спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
„Задоволството е големо да се биде дел од инаугурацијата на овој центар. Младите се моторот на иднината и предводници на промените. Овој центар е место каде може младите да се обучуваат, да разменат знаење и идеи и да се развиваат понатаму.“, нагласи Амбасадорката на Швајрација, Сибил Сутер Тејада.
„Ова е креативен и динамичен центар за младите од целиот регион. Сакам да им порачам – земете ја иднината во свои раце, со промените и работата ќе постигнете да живеете во земја според вашите желби.“, порача Нарин Сакахјан, претставник на УНДП.
Партнер на Младинскиот ресурсен Центар е Универзитетот на Југоститочна Европа. „ „Мило ми е што сме дел од овој проект со обука на младите луѓе. Сакам да ги охрабрам сите млади од 18 до 29 години да се вклучат и нивните идеи да ги преточат во реалност.“, рече ректорот на Универзитетот Абдулменаф Беџети.
Младинскиот ресурсен центар е сместен во објектот на поранешниот колеџ во Гостивар.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот