Гостивар
Околу 300 умрени повеќе од новородени лани во Гостивар
Минатата година подрачјето на Општина Гостивар бележи негативен природен прираст, односно повеќе починати лица отколку новородени.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во текот на 2020-та година, во општината вкупно се родиле 606 бебиња, а умреле 902 граѓани. Анализирано по квартали, најмногу починати се регистрирани во последниот, што ги опфаќа месеците октомври, ноември и декември со бројка од 359. Во извештајот за овој квартал ДЗС појасни дека како последица на пандемијатa со КОВИД-19 и задоцнувањето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали, бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2020 година бележи зголемување. Што се однесува до наталитетот, најмногу бебиња се родиле во второто тримесечје (април, мај и јуни) – 171.
Статистиката покажува дека лани во Гостивар биле склучени 493 бракови. Бројката на разводи е 64.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!