Поврзи се со нас

Македонија

Тече вакцинацијата на македонските бизнисмени во Србија, до 11 часот 500 вакцинирани

Објавено

на

Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека во тек е вакцинација на бизнис заедницата, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум ја реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Република Србија.

„Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат непречено да работат, да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата и економијата во борбата против пандемијата.“, соопштија од Комората.

Од таму упатија благодарност до Министерството за внатрешни работи за брзото постапување по барањето на Стопанската комора за пуштање на повеќе ленти за возила на граничниот премин Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата за имунизација од КОВИД 19 на претставниците од бизнис заедницата.

Од отворањето на пунктовите за вакцинирање, до 11 часот, вакцинирани се повеќе од 500 лица, информираше Комората.

фото:Стопанска Комора

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена