Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар болнички се лекуваат 41 пациент со ковид – 11 се на кислород, 3 во тешка состојба

Објавено

на

Во Гостивар не престанува растот на новозаразени со коронавирус и пациенти кои имаат потреба од хоспитализација. Раководителот на инфективното одделение, доктор Ратко Наумоски кој го води тековното 24 часовно дежурство, ја оценува целокупната состојба со ширењето на ковидот како сериозна и тешка.

„На инфективното одделение денес се хоспитализирани 22 пациенти, од кои 11 добиваат кислород, тројца се во потешка состојба. Во модуларната болница се лекуваат 19 пациенти со средно-тешка клиничка слика кои немаат потреба од кислородна поддршка. Ние правиме се‘ што можеме за сите пациенти кои доаѓаат и бараат лекарска помош, а состојбата со ковид овој период е навистина тешка.“, информира д-р Наумоски.

Бројот на хоспитализирани е висок, но за сега има слободни кревети за нови приеми и на инфективно и во модуларната болница, вкупно околу 15. Секојдневно се вршат и исписи на пациенти кај кои здравствената состојба се подобрила и лекувањето може да го продолжат во домашни услови.

Кај сите ковид пациенти кои се обраќаат за медицинска помош задолжително се прават комплетни лабораторски анализи, како и рентген снимање на белите дробови. Лекарите велат дека бронхо-пневмонијата е најчестата компликација која се јавува кај ковид болните во Гостивар.

„Може да се каже дека над 95% од рентген снимките покажуваат бронхо-пневмонија, односно воспаление на белите дробови. Инаку, најчести симптоми со кои ни доаѓаат пациентите се покачена температура, малаксаност и болки по целоот тело. Кај некои се јавува и дијареа и нагони на повраќање“, вели докторот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 3 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 5 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 9 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 10 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 13 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 13 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 14 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 16 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 16 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена