Гостивар
Скоро 190 нови случаи на корона во Гостивар за шест дена
Коронавирусот со силен интензитет и натаму се шири меѓу граѓаните во општините од гостиварскиот регион. Високи се бројките на новозаразени на дневно ниво, како и на пациенти кои развиваат потешка клиничка слика.
Според официјалните податоци од Институтот за јавно здравје за подрачје на Гостивар, од понеделник до денес (сабота, 4 април) потврдени се вкупно 187 нови позитивни, како оздравени се евидентирани 136, а починале девет пациенти.
Искуството на лекарите вклучени во третманот на болните, покажува дека ковидот најчесто удира врз белите дробови и предизвикува тешки воспаленија.
Според денешните податоците од Министерството за здравство, во Гостивар болнички се лекуваат 43 пациенти, а активно заразени се вкупно 521 лице.
Вчера во Здравствениот дом започна вакцинацијата против коронавирус за граѓаните над 77 години. Во првата тура пристигнати се 500 дози од „Астра Зенека“ и сите термини се пополнети. Имунизацијата се спроведува секој работен ден од 8 до 16 часот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот