fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар гради регионален Центар за аутизам, потребна е поддршка од бизнис заедницата

Објавено

на

Во Гостивар течат подготовките за изградба на регионален Центар за аутизам, установа која ќе ги пружа сите услуги што им се потребни на аутистичните деца и родителите на едно место. Просторот и поголемиот дел финансии ги обезбеди гостиварската општина во објектот на поранешниот колеџ, а за уредување и опремување се очекува поддршка и од бизнис заедницата.

Проектот вчера попладне, по повод Светскиот ден на аутизмот беше презентиран пред бизнисмените. Настанот го организираше Здружението “Блу пазл“ во соработка со општината.

„Ова е многу значаен проект за родителите и деца со аутизам од целиот регион. Најголем дел од средствата за реновирање на центарот ќе ги обезбеди Општината, а воедно очекуваме помош од бизнисмените и хуманите луѓе воопшто, да се вклучат во овој витален проект за Гостивар и околината.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Во работата на Центарот ќе биде вклучена и стручна Комисија за проценка на децата, што ќе биде од голема помош за семејствата.

„Особено сме задоволни што Центарот ќе има посебна Комисија, стручно тело кое ќе биде исклучиво за проценка што се врши според меѓународната класификација на функционалности. Така, родителите на сета мака што ја имаат, нема да мора да се изложуваат и на дополнителни трошоци да патуваат во Скопје и по неколку пати за да го прават тоа. Центарот на секое семејство ќе овозможи да ги добие сите услуги од терапевтски аспект на едно место“, рече дефектологот Самир Грбле.

За вработување на неколку лица, стручен кадар бил постигнат договор со Министерството за труд и социјала, а со одредена помош ќе се вклучи и Здравствениот дом Скопје во соработка со УНИЦЕФ.

Точна статистика нема, но според сознанијата, во регионот околу 200 деца се соочуваат со спектар на аутистични нарушувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!