Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе има ли нови рестрикции и карантини за Велигден и Рамазан?

Објавено

на

Од вечерва ограничувањето на движење на граѓаните почнува од 20 часот, а од утре важи забраната за служење гости во кафулиња, ресторани, пицерии и слично. Новите рестриктивни мерки, кои Владата ги воведе важат две недели, што значи до 20, односно 21 април. Најжешка тема на муабет меѓу граѓаните во Гостивар денес беше дали ќе следуваат плус дополнителни рестрикции и карантини за време на велигденските празнувања и во текот на рамазанските пости.

Од надлежните за сега, единствено има објаснување за актуелно воведените мерки и апели до граѓаните да ги почитуваат за да се спречи ширењето на вирусот, процес кој е во критична фаза.

„Што е тоа што сакаме да спречиме. Имајќи го предвид искуството од минатата година кога ваквите празници во истиот период, сериозно ја искомплицираа и ја усложнија епидемиолошката ситуација, сметаме дека доколку тоа сега се случи со веќе оптоварен здравствен систем, ќе биде кризна ситуација што тешко ќе се менаџира. Тоа е причината зошто се воведоа новите рестриктивни мерки, значи со цел овој трет и досега најсилен бран на ковид-19 на некој начин забрзано да го завршиме. Да се намали притисокот врз болниците, да се намали ширењето. Верувам дека граѓаните ќе се придржуваат до сите овие мерки. Мора да сме свесни дека со сопственото однесување, одговорност, придонесуваме за што поскоро да заврши и овој бран“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Заменик-министерот за здравство Илир Хасани на вчерашната прес конференција наведе дека ако не се донеле одлуките за построг полициски час и затворање на локалите, со сигурност ќе сме се соочеле со затворање за празниците Бајрам и Велигден.

„Се надеваме дека тоа нема да се случи, и се надеваме дека големите верски празници ќе ги поминеме без вакви значителни ограничувања. Сепак граѓаните, во време на празниците и празнувањата ќе мора да внимаваат, затоа што традиција е да се оди во домовите на повозрасните, а тоа се најризична категорија граѓани, бидејќи вирусот за нив е најфатален. Секој од нас има индивидуална одговорност во битката со овој вирус и штитејќи се сами, ги штитиме и нашите најсакани. Овие мерки кои ги преземаме, иако се многу непопуларни, целта ни е да го намалиме притисокот кон болниците, но и да го спречиме ширењето на вирусот, бидејќи британскиот сој се испостави дека е најопасен до сега“, посочи Хасани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 12 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 14 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 17 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 17 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 17 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 18 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена