Занимливости
Ова е најубавиот и најпознатиот цветен парк во светот
Keukenhof, најубавиот и најпознатиот цветен парк во светот несомнено го одзема здивот. Сместен е на брегот на гратчето Ласе, во Холандија, меѓу Амстердам и Хаг на површина од повеќе од 32 хектари. Верувале или не, секоја година во оваа ботаничка оаза се садат околу 7 милиони цветови.
Се нарекува и Дворот на Европа, а почетоците на оваа убава приказна датираат од 1949 година, кога тогашниот градоначалник на градот покренал иницијатива да се направи изложба на цвеќиња, на која одгледувачите од цела Холандија ќе можат да ги покажат своите хибридни дела и да и помогнат на холандската индустрија, ако се знае фактот дека оваа земја е и најголем извозник на цвеќиња во светот.
Во овој цветен рај се садат лалиња, зумбули, ружи, нарциси…Има уникатни декорации и атрактивни креации, фонтани, водопади…Секоја година паркот се уредува тематски, а за посетители е отворен од крајот на март до мај месец.
фото:facebook/visitkeukenhof
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот