Гостивар
Лисица и куче предизвикале несреќи на патот Гостивар-Тетово минатиот месец
На гостиварскиот дел од патот Гостивар-Тетово минатиот месец се случиле само две сообраќајни несреќи и двете предизвикани од животни, куче и лисица, информира Секторот за внатрешни работи Тетово. Сообраќајките завршиле само со причинета материјална штета на возилата, без повредени.
Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци на автопатот и магистралата Гостивар-Кичевои, посебно да бидат внимателни во вечерните и раните утрински часови, дотолку повеќе што во тие периоди од деноноќието можно е и неконтролирано движење на животни по коловозот, пред се во близина на клучките.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гостивар периодов е насочено кон засилени активности за откривање и санкционирање на возачите кои ја пречекоруваат максимално дозволената брзина на автопатот и магистралата. Во изминатите три месеци од оваа година вкупно биле санкционирани 850 „пребрзи“ возачи, кои значително ја пречекориле брзината. На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби и други санкции, соопшти полицијата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот