Поврзи се со нас

Македонија

МОН ги донесе новите наставни програми по кои првачињата ќе учат од септември

Објавено

на

Првачињата во новата 2021/2022 учебна година ќе учат по новите наставни програми што ги донесе Министерството за образование и наука на предлог на Бирото за развој на образованието. Наставните програми изминатиот период беа изработени од работни групи формирани од Бирото, а составени од советници, наставници од основните училишта и универзитетски професори.

„Во текот на целиот процес на изработка на програмите, работните групи се консултираа и со експерти од области на коишто се темели новата Концепција: родовата еднаквост, инклузивноста и мултикултурализмот, како и за заштитата на животната средина, почитување и заштита на правата и слично. Целата работа на работните групи беше координирана и водена од дел од експертите кои ја подготвуваа Концепцијата за да се обезбеди усогласеност на наставните програми со Концепцијата и со сите стратегии и пристапи на настава и учење коишто се промовираат со неа. Новите наставни програми за прво одделение се изработија врз основа на Националните стандарди донесени од страна на Министерството за образование и наука во февруари оваа година, а кои беа подготвувани од Бирото за развој на образованието во изминатите две години.“, информираа од МОН.

Од таму појаснуваат дека за секоја тема/подрачје од наставните програми се предвидени резултати што секој ученик треба да ги постигне, преку усвојување на наведените содржини и поими, а наставникот ќе ги следи и вреднува постигањата на ученикот преку дадените стандарди за оценување (кои опфаќаат најмалку четири нивоа на когнитивни постигања на учениците, согласно Блумовата таксономија: познавање, сфаќање, примена и анализа/евалуација/креирање).

Примерите на активности дадени во наставните програми се со акцент на активното учество на ученикот и даваат јасни насоки како наставникот треба да ги организира и реализира активностите на часот, преку експерименти, истражувања, решавање проблеми, дискусии со учениците.

Работните групи во Бирото за развој на образованието продолжуваат со креирање на наставните програми и за другите одделенија на основното образование. Обуките за наставниците за имплементација на новите наставни програми е предвидено да се реализираат преку три модули во мај, јуни и август.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 9 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 11 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 13 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 16 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 17 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 19 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 20 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена