fbpx
Поврзи се со нас

Македонија

Следната недела вакцинирање на вработени во судови, обвинителство, инспекции, медиуми

Објавено

на

Во тек е процесот на вакцинација против ковид на пунктови во државата и спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче денес одржа состанок со членовите на Националното координативно тело за имунизација, по што соопшти дека процесот се одвива одлично.

Вакцинацијата на сите пунктови во државата и А1 СЦ Борис Трајковски се одвива одлично. Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани, над 76 години, а во „Борис Трајковски“ тече вакицнацијата на здравствени работници и припадници на критична инфраструктура. Досега вакцинирани се 18.261 граѓанин. Освен возрасни граѓани, здравствени работници, вакцинирани се најкритичните групи на припадници на МВР, АРМ, наставнички од 1 до 3 одделение, воспитувачки и негувателки во градники, возачи на ЈСП, следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Епидемиолошката состојба во земјава укажува на широка распространетост на вирусот, што е земено предвид при приоритизација на групите за вакцинација. таргетирани се приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура.“, информираше министерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!