Македонија
Протест на КСС – Работниците бараат почитување на правата и социјален дијалог
Конфедерацијата за слободни синдикати на Македонија денес одржа протест во Скопје под паролата „Доста е – претеравте!“. Поради состојбата со пандемијата протестот беше организиран со возила кои, според организаторите ја надминале бројката од 350.
„Ова покажува дека голем дел од работниците сакаат да порачаат на Владата дека е доста и дека претеравте! Нашите барања се: да престане непочитувањето на законите од трудовата област, да се почитува законот за минимална плата, да се направи усогласување на платите согласно колективните договори, да престане притисокот врз синдикалните лидери и синдикатот и да престане непостапувањето на институциите на системот при прекршување на законите.“, беше речено на протестот.
Претседателот на КСС, Благоја Раловски истакна дека протестите ќе продолжат, ако нема промена на состојбите,
„Ќе биде уште порадикално, ќе биде многу помасовно затоа што денеска беше само симболично. Нека размислат, доставивме до нив барање да направиме еден разговор на фер основа каде што ќе се почитуваме меѓу себе не од позиција на власт, туку како социјални партнери како што е секаде во Европа“, рече Ралковски.
Протестот беше поддржан и од други синдикални организации и здруженија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ