Македонија
Спасени три животи до сега, лекарите се поклонија на девојката донор
Успешно заврши првата трансплантација на бубрег, а во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест, кој исто така ќе добие бубрег од починатата девојка, чие срце пак беше всадено ноќеска на 22 годишно момче. Благодарение на семејството на 21 годишната девојка Верче Белчовска кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Министерството за здравство информираше дека во понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија, ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор.
„Голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други.“, истакна МЗ.
Тимот лекари и се поклонија на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи и да спаси други човечки животи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот