Македонија
Зачука ново срце кај младо момче, извршена втора трансплантација на срце во земјава

На Клиниката за кардиохирургија во Скопје ноќеска се изврши втората трансплантација на срце во историјата на нашата земја. Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце.
„Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги!“, соопшти утрово министерот за здравство Венко Филипче.
Претходно, министерот информираше дека починала млада девојка, на која не можел да ѝ се спаси животот, семејството дало согласност за донирање на органите и дека освен срцето ќе бидат трансплантирани и бубрезите. Првата успешна трансплантација на срце во Македонија беше извршена лани.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград