Поврзи се со нас

Гостивар

Осмоодделенката Ева од Гостивар со прва награда на конкурс од МОН

Објавено

на

Ева Дејановска ученичка во осмо одделение во гостиварското основно училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“ доби прва награда за поетска творба на конкурс објавен од Министерството за образование, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

Првонаградената песна на Ева во конкуренцијата на осмоодделенци, носи наслов „Со почит кон Блаже Конески”.

„За мене оваа награда претставува големо изненадување, но и задоволство. Овој конкурс особено ме израдува бидејќи Блаже Конески е една од најзначајните фигури во историјата на македонскиот литературен јазик и творештво. Со мојата творба сакав да оддадам мало, скромно признание кон неговото дело и да изразам восхит од убавината на неговите стихови. Самата можност да напишам творба посветена на Блаже Конески, за мене е огромна чест. Песната е напишана како акростих, со алузии на негови стихови од песните:”Везилка”, “Тешкото”, “Стерна”, “Убавите жени”и други и неговото влијание врз љубителите на пишаниот збор. За мене, Блаже Конески е неисцрпен извор, ненасушна инспирација.“, вели осмоодделенката.

Ева пишува од својата седма година и е добитник на повеќе награди и признанија: Признание за творба на литературниот конкурс Творам за Македонија (Меморијален центар фондација- Никола Кљусев, Скопје, 2016 год.), I награда за расказ на поетската манифестација Млади творци, 2017, III награда за песна на поетската манифестација Млади творци, 2017, II награда на конкурс по повод Денот на големите просветители, Св.Кирил и Методиј, 24 мај,(Академија Еуроарт-Штип, 2017), III награда на литературниот конкурс во рамки на Вело Родео Турнеја, 2019 итн.

Наградата од Министерството за образование се состои од книги, а свеченото доделување ќе се организира на настан по повод чествувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески.

(извадок од наградената песна)

Едни убавици прецутувале, велиш, ко мајски јоргован.

Сепак, чинам, убавината зборовна е вечна, непресушна,

Кога стих твој читам, се восхитувам, збор моќен ко боздоган.

Инспирација си ми, поету скапоцен, инспирација ненасушна.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 4 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 6 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 7 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 8 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 10 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 10 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 23 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена