Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци хумани – даруваат крвна плазма за лекување на ковид болни

Објавено

на

И во време на пандемија гостиварци ја потврдуваат својата хуманост и солидарност. Дека Гостивар ги негува хуманите вредности се покажува и преку интересот за дарување на крвна плазма, која се користи за лекување на заболени од ковид. Во службата за трансфузиологија во гостиварската болница секојдневно доаѓаат граѓани, оздравени од ковид кои сакаат да даруваат конвалесцентна плазма.

„Конвалесцентната плазма е потребна за лекување на многу ковид пациенти, потребите се навистина големи. Во Гостивар може да кажеме дека има интерес кај граѓани кои прележале ковид, сакаат и доаѓаат да даруваат. Во нашата служба се обраќаат до 5-6 лица дневно, кои искажуваат интерес да даруваат конвалесцентна плазма. Денес, на пример токму во моментот кога зборуваме имаме два дарители, кои ја покажаа својата хуманост на овој начин.“, рече д-р Кадри Елези од Службата за трансфузиологија во Гостивар.

За едно лице да може да дарува плазма, неопходно е да поминат најмалку 28 дена на комплетно оздравување од ковид, како и да не боледува од други болести. Треба да биде  на возраст од 18 до 60 години, со телесна тежина поголема од 55 килограми.

Д-р Елези нагласува дека многу е важно дарителот да има развиено соодветна концентрација на антитела во организмот. „Ние како доктори мора да видиме резултати од анализи на антитела, за да знаеме дали тоа лице е соодветно да биде дарител на конвалесцентна плазма. Многу е важно тоа, таа концентрација на антитела треба да биде во параметри потребни за лекување на болните“, вели д-р Елези.

Конвалесцентната плазма се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа и прогресијата на болеста.

Ваков вид на терапија за првпат бил воведен пред еден век за време на светската пандемија на шпански грип.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 5 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 7 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 11 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 12 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 14 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 16 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 17 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена