Поврзи се со нас

Гостивар

Излетниците да не палат огнови, возачите да не возат пребрзо и да не пијат алкохол – апели од полицијата во пресрет на продолжениот празничен викенд

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово, во пресрет на продолжениот празничен викенд, со апел до граѓаните целосно да се придржуваат кон владините и мерките, советите и утврдените протоколи од здравствените власти за спречување на ширењето на коронавирус.

Секое непочитување на мерките повлекува законски предвидени санкции, а неретко може да резултира, исто така, и со несакани лични и семејни здравствени последици, укажува СВР.

„Излетниците, чиј број претстојниот викенд ќе се зголеми на подрачјето, се потсетуваат да не палат огнови на отворен простор, кои можат да предизвикаат несакани материјални и други последици и кои можат да загрозат и човечки животи. Возачите, пак, се советуваат да ја прилагодат брзината според условите на патот и да се воздржат од конзумирање на алкохол, дотолку повеќе што наредните денови се очекува зголемена сообраќајна фрекфренција, особено на патиштата кон Охрид, Маврово и по долината на Радика.“, соопшти полицијата.

Отсекот за превенција на СВР Тетово неделава оствари неколку непосредни средби со верските заедници на подрачјето, на кои заеднички била истакната потребата од доследно почитување на мерките за заштита од „ковид-19“ и во верските објекти и надвор од нив, а во функција на зачувување на здравјето на граѓаните од регионот и пошироко.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 9 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 12 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 13 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 14 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 16 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 16 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 17 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена