Поврзи се со нас

Гостивар

Околу 1.700 мајки од регион на Гостивар поднеле барања за надоместок за трето дете

Објавено

на

Околу 1.700 родители од подрачјето на Гостивар поднеле документи за користење надоместок за трето дете до предвидениот рок, 31 март. Од Центарот за социјална работа појаснуваат дека барања може да се доставуваат во текот на целата година, но оние кои го пробиле овој рокот, нема да добијат пари за сите месеци.

„Рокот за надоместок за трето дете и образовен додаток заврши на 31 март, а поднесени се околу 1.700 барања. 90% од нив се обработени и веќе се врши исплата. Тие што поднеле барање до предвидениот рок, ќе ги добијат парите за сите месеци, значи и за јануари, февруари, март. Тие што не поднеле до 31 март, имаат право да поднесуваат во текот на целата година, со таа разлика што правото нема да им се признае од 1 јануари, туку од датумот на поднесување на барањето. “, појасни Магдалена Савеска, директор на Центарот за социјална работа во Гостивар.

Надоместокот е 8.300 денари месечно.

Од пред година и половина со законските измени за правото на надоместок за трето дете, поставен е лимит на приходите за корисниците, кои месечно не треба да бидат повисоки од 14.933 денари. Ова важи за новите корисници, додека оние кои го оствариле правото по стариот закон, се изземени од правилото.

„Ова е многу важно да го знаат родителите, затоа што доаѓа до забуни. Тие комуницираат едни со други, се прашуваат зошто некој добива надоместок, а друг нема право. Значи со измените во законот, има граница на приходите од 14.933 денари. Сепак, оние кои го оствариле правото на надоместок за трето дете пред да бидат донесени измените, продолжуваат да го земаат по стариот закон“, вели Савеска.

Во регионот на Гостивар, има над 11.000 корисници на различни права од социјална заштита, како гарантирана минимална помош, детски и образовен додаток, надомест за трето дете и други.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 2 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 2 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 3 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 4 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 4 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 19 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 21 час

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 23 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена