Вести
Странските туристи во хотелите со 5 ѕвезди, домашните по соби за издавање
Во првиот месец од оваа година, нашата земја ја посетиле 25.031 странски туристи, меѓу кои најбројни биле гостите од Албанија, Бугарија, Грција, Турција и Србија. Според податоците на Државниот завод за статистика, странските туристи во јануари оствариле 46.137 ноќевања. Што се однесува до домашните туристи, нивната бројка изнесува 18.189 со вкупно 41.757 ноќевања.
Споредено по видот на сместувачките објекти, може да се заклучи дека странците ги полнат хотелите со пет, четири и три ѕвездички, додека домашните туристи се задоволуваат и со подолно рангирани хотели, мотели, одморалишта, соби во приватни куќи за издавање и слично.
Така од вкупно 11.845 сместувања во хотели со 5 ѕвезди, 9.420 отпаѓаат на странски, а 2.425 на домашни туристи. Слични се бројките и за останатите поквалиттени хотелски сместувања. Но, во станови и соби за издавање од 4.391 сместување, дури 4.373 биле на македонски државјани, а само 18 на странци.
Според анализите на ДЗС, бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.7%.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот