Македонија
Скапотија! Ни просечната, ниту две минимални плати не стасуваат за основните трошоци
Синдикална кошница за април 2021 година е зголемена за 204 денари во однос на претходната за месец март и изнесува 33.976 денари. Од Сојузот на синдикатите на Македонија наведуваат дека тоа е поради евидентното зголемување на индексите на трошоците на живот за април и тоа на исхрана и пијалоци за 1,2%, облека и обувки за 1% и хигиена за 1,1%.
„ССМ оправдано во изминатиот период бараше минималната плата треба да изнесува најмалку во висина од 60% од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари, па од тука усогласувањето на висината на минималната плата не требаше да биде со надгласување на работниците. Висината на усогласената минимална плата за 235 денари, наместо за 446 денари колку што укажуваше ССМ е занемарливо поради зголемувањето на цените на производите за исхрана и пијалоци, обивки и хигиена кои се составен дел од Синдикалната минимална кошница.“, потенцира синдикатот.
Според нивните пресметки најмногу пари одат за храна и домување и тоа за четиричлено семејство во април му биле потребни минумум 14.332 денари за да се прехрани и 10.809 денари да ги подмири режиските трошоци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот