Поврзи се со нас

Култура

Поезија – Билјана Дејановска, Гостивар

Објавено

на

 

Поетско-прозаичен, а згора и мозаичен брзозбор

 

Страв смртен в срце ми се руши
од прогон на мисли мрачни од поетски вртлози,
од умерена употреба во прозни ораници,
а, ни црв на сомнение, ни трн на говор, ни зрно тегобно
Во катадневното блекање на мислата!
Хорор! Пожар на зборот!
Страв закрпен на трепки!

Полупијана сенка на мислата-
Просветена, пречиста виделина,
светло-зрачна, сјајна белина,
сета вселена свеселена,
а, мисла света разбелена.
Себедоволна, совршена хармонија
Певлива, прелесна мелодија,
и рефрен: Мислата дволична изгони ја!

Молба, жалба или себеделба?!
Глад за пуста недореченост
и цврст став: не сакам пуст остров,
светлина и отсеченост!
Копнеам на праг да чекорам врз мноштво темнини,
да треперам до срж од изѕемнини
мнение тегобно ме дразни помрачено
и око ми скокотка изопачено…

Хармонија презирам, мразам,
површина рамна браздам,
празнам со црпалка вербална бездна!
Макотрпно зборови црни барам
ко егзотични танчери мрсни,
ко мистични метреси мирисни,
архаични црви со бради смрдливи,
археолошки ископини со прав прекприени,
пијаници блудни со образи испиени!

Зборот треба да е врба
гордо искривена кон горе!
А почетокот и крајот-
капки удавени во море!

Збор ми треба што ќе ме дрочи,
душа скршена да ми распара
и нова на хартија да ми раствори-
Со секој верс да се раѓам,
да не престанам ко Алиса да паѓам,
да ми се чини дека летам и кога тонам,
ко лиснато тесто да се ронам,
од воздишки да звонам…

Сакам збор ко бор,
раскошен, силен, гордо исправен,
подаден и накршен на сите страни,
прост и строг- македонски,
за проста и строга мекедонска песна!
Копнеам по збор високопланински
зимзелен,
иглолистен,
бодлив,
цврст,
некршлив…
Збор зборообразен, макар и безобразен!
да ме распара, да ме расрсне, да ме раствори,
до мајката утроба да ме врати-
Да ме раздели, да ме шири- за да ме смири!

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 10 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 11 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 13 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 14 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 15 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 17 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 17 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 18 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена