Поврзи се со нас

Македонија

Нова шанса за невработените-Реобјавени огласи за грантови за отворање бизнис, практиканство…

Објавено

на

Невработените и работодавачите добиваат дополнителна можност да се вклучат во некоја од мерките од Оперативниот план за вработување 2021. Агенцијата за вработување реобјави неколку огласи: самовработување со грант, субвенционирање на плати, практиканство, обука на работно место за познат работодавач и јавни работи. Како што информираа на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири ова биле програмите за кои изминатиов период имало најголем интерес.

„Мерките од Оперативниот план, кои се реализираат преку Министерството за труд и социјална политика и преку Агенцијата за вработување, обезбедуваат поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот на работниот однос им е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Пандемијата со КОВИД-19“, истакна Шахпаска.

Приоритет ќе им биде даден на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата.

 Директорот Демири информираше дека оние лица кои веќе аплицирале за овие мерки и програми не треба да аплицираат повторно, бидејќи нивните апликации се земени предвид.

„Денеска за прв пат е објавен и јавниот оглас за Обуките за развој на дигитални вештини кои ќе опфатат 400 невработени лица и ќе ги надградат нивните вештини  во областа на информациските технологии заради зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот“, информираше Демири.

Огласите детално може да се најдат на веб страната на Агенцијата за вработување.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена