Поврзи се со нас

Гостивар

Завршни приредби во гостиварските градинки – „Збогум градинке“ рекоа 189 деца

Објавено

на

За дечињата од големите групи во градинките, ова е возбудлив период со кој заокружуваат еден дел од своето детство. Од септември ќе седнат во училишните клупи како првачиња и ги очекуваат нови предизвици.

 

По тој повод, во градинките во Гостивар традиционално секоја година се одржуваат завршните приредби.  Овој пат, наместо една заедничка, во секоја работна единица се организираше посебна манифестација „Збогум градинке“. Последната се случи  денес во објектот „Пчелка“.

„Ова е прекрасна манифестација и задоволни сме во вакви пандемиски услови со посебни протоколи успеавме да ги испратиме децата, како што е традицијата. Секако тоа е заслуга на тимот, сите вработени посветени на децата кои се најважниот дел од нашето работење. Среќни деца, среќни родители, среќен тим, успешна работа. На сите првачиња им посакувам многу успеси понатаму, а исто така и на тимот и во иднина.“, рече Даниела Бошкоска, директорка на градинките во Гостивар.

Како што е редот, дечињата со песни и рецитирање се збогуваа со градинката и нивните учителки, кои им беа втори мајки во изминатите години.

 

фото:ЈУДГ „Детска Радост“

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 5 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 6 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 8 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 9 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 22 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 23 часа

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 ден

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 1 ден

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена