Поврзи се со нас

Култура

Режисерот и актер Стојче Нешкоски по повод Светскиот ден на театарот

Објавено

на

„Гостивар има долга традиција на негување на театарскиот живот“

 Театарот е битен сегмент од човековиот живот. Театарот е огледало на општеството, на личноста, на се` она што не` опкружува и тоа најдобро може да се види на сцената. Театарот отсликува личности, карактери, време и кога гледачот се наоѓа во самата сала и ја следи претставата, самиот тој станува дел од неа, од ликовите и од целиот амбинет“, вели гостиварскиот режисер и актер Стојче Нешкоски, по повод Светскиот ден на театарот, 27 март.

Нешкоски е посветен на театарската сцена целиот свој живот. Со голема љубов зборува дека Гостивар, иако нема професионален театар, има долга традиција на негување на драмската уметност. Аматерскиот театар кој со децении успешно опстојува, зад себе има бројни претстави од сите жанрови, гостувања, награди, признанија. „Низ годините, сме тежнееле да се оформи професионален театар, но веројатно немало услови за тоа. Сепак, аматерскиот театар ги исполнува сите потреби во тој поглед на нашиот град. Многу глумци поминале низ гостиварскиот аматерски театар, а сега веќе на наше големо задоволство има нови, млади сили кои внесуваат новини во театарот и со својата креација го кажуваат нивното гледиште и сфаќање на денешниот живот“, потенцира Стојче.

Во театарот во Центарот за култура во Гостивар моментално се подготвуваат две претстави: битовата драма „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски и комедијата „Ѓаволштините на Скапен“ од Молиер.

Меѓународниот ден на театарот, 27 март, низ светот се одбележува со претстави и читање на пораките за сценската уметност.

Не постои театарот поради нас, туку ние постоиме благодарејќи му нему. Театарот е силен. Тој се спротивставува и преживува сè: војни, цензури, сиромаштија“, стои во светската порака на Изабел Ипер, француска филмска и театарска глумица. Македонската порака по повод денот ја напиша Благој Мицевски, режисер и уметнички директор на Народниот театар од Битола. Дел од неа гласи: „Многумина, ќе речат дека театарот има моќ да го менува светот на подобро. Сведоци сме дека тоа не е така, но, сепак, театарот има моќ да го менува човекот, да создава подобри светови од оној во којшто секојдневно живееме“.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 11 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 16 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 17 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 18 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 20 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 22 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена