Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Лубеница – омилената храна на сите во лето

Објавено

на

Нема храна што ја гаси жедта подобро во жешките летни денови од лубеницата.

Иако честопати велиме дека е овошје, лубеницата всушност е зеленчук и припаѓа на семејството тикви. Иако Лубениците може да се најдат на некои места во текот на целата година, најдобро е да ги јадете во текот на летото, бидејќи тогаш тие имаат најмногу хранливи материи.

Има само 30 калории на 100 грама лубеница, содржи многу вода, што е многу важно за нас во лето, а истовремено е богата со витамини А и Ц, калиум и магнезиум.

Иако сите сакаат ладна лубеница, кога се чуваат во фрижидер, таа всушност губи некои свои својства, како што е ликопен, кој ефикасно штити од болести.

Големиот процент на витамин Ц во лубеницата го зголемува имунитетот и го скратува времето на опоравување од болести, но исто така го намалува ризикот од срцев удар и рак. Цитрулин, аминокиселина со која е богата лубеницата, се претвора во организмот во аргинин, што е клучно за добра циркулација на крвта. Лубеницата е добра за релаксација и закрепнување по физичка активност.

Факти за лубеницата

  • Моќен Л-цитрулин

Во лубеницата можете да најдете најголем удел во аминокиселината цитрулин, кој ги релаксира и проширува крвните садови.

  • Витамин Ц.

20% од дневните потреби за витамин Ц се исполнети со 180 гр лубеница. Покрај тоа, витаминот Ц ќе ги заштити вашите мускули и коски

  • Калории

Лубеницата е одлична за диета, бидејќи содржи само 30 калории

  • Силен ликопен

Вкусниот зеленчук може да го намали ризикот од мозочен удар за 20%, благодарение на големата количина на ликопен.

  • Витамин А.

Од 150 гр лубеница, 5% е витамин А, кој е важен за здравјето на вашата кожа

  • Хидратација

Лубеницата се состои од 92% вода, 6% шеќер и 2% влакна

  • Лушпата од лубеница е многу корисна и не треба да се фрла

Иако кората од лубеница често се фрла, експертите велат дека содржи најмногу витамини и хранливи материи како витамини А, Б6 и Ц, како и калиум и магнезиум. Бидејќи кората не е премногу вкусна, можете да ја исецкате на парчиња и да ја додадете во салата од туна или пилешко, само добро измијте ја претходно (дури и ако не ја јадете кората, не заборавајте дека расте на земја , па затоа често се наоѓа на неа односно има голем број на бактерии.

  • Семето од лубеница е лек за бубрезите

Семето од лубеница, кое исто така скоро сите го фрламе, може да се јаде! Во Кина семките се пржат и се јадат како закуски! Тие се здрава состојка што може да се користи за лекување на бубрези.

Интересни факти за лубеницата

  • Пред три години, во Тенеси била измерена најголемата лубеница во светот и тежела дури 159 килограми

  • Бројот на видови на лубеници одгледувани во светот е 1.200, и тие се разликуваат по боја, големина и форма, а има и видови без семиња.

  • Иако потекнува од Африка, првиот запис за лубеница е стар 5.000 години, а направен е во Египет, каде лубеницата била толку многу ценета што била ставана во гробниците на кралевите.

  • Во Америка и Азија, кората од лубеница се користи редовно и обилно во исхраната.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 8 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 10 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 12 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 15 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 16 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 19 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 20 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена