Поврзи се со нас

Гостивар

Промоција на инвестиции во средното техничко училиште во Гостивар

Објавено

на

Со последните инвестиции, значително се подобрени условите за настава, во средното техничко училиште во Гостивар, особено во практичниот дел. Училиштето има четири нови кабинети, а направени се и други зафати во училишниот комплекс.

За таа цел, беше потпишан меморандум за соработка и поддршка со гостиварската локална самоуправа. Општинското и училишното раководство денес ги промовираа инвестициите.

„Заедно ги промовираме новите кабинети за козметичкиот смер, архитектура, ликовно, електро-техника и информатика и Кариерниот центар.  Меморандумот за соработка со општината предвидува да се вложат околу 3 милиони денари во период од 24 месеци и тие средства се вложуваат за подобри услови во нашето училиште“, рече Бесир Салиу, директор на училиштето.

„Во кампањата во 2017-та ветивме дека еден од главните столбови на нашето управување со Општина Гостивар ќе бидат инвестициите во училиштата. Сега сме сведоци дека поголемиот дел од училиштата се средени и имаат комплетно нов изглед. Почнувајќи од училиштата „Гоце Делчев“, „Исмаил Ќемали“, потоа техничкото училиште, гимназијата, медицинското, училиштата во Форино, Дебреше и други. Пред 4 години во средните училишта немавме ниту еден кабинет, а сега сме сведоци, еве денес, дека во средното техничко се отвораат нови четири кабинети. Наредната недела ќе отвораме кабинети и во гимназијата и во медицинско“, изјави градоначалникот.

На малата промотивна церемонија, Управата на техничкото училиште додели благодарници и плакети за градоначалникот Таравари и раководителката на секторот за образование Аслијан Снопче. Во знак на почит и благодарност за дадениот придонес за училиштето, пофалница беше доделена за покојниот професор Драгиша Стојкоски, која ја прими неговото семејство.   

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена