Гостивар
Во несреќа кај патарината во Гостивар повредени две лица
Двајца жители на Неготино полошко завршиле со повреди во несреќа што се случила попладнево на патот Тетово-Гостивар кај гостиварската наплатна рампа во Гостивар. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски несреќата била пријавена во СВР Тетово во 18.30 часот. Патничко моторно возило голф 5 со странски регистарски таблици кое го управувало 50 годишен жител на Неготино полошко се претвртело на коловозот. Од превртувањето возачот на „голфот“ се здобил со тешки телесни повреди, додека 47 годишниот сопатник од истото село се здобил со лесни телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница, каде двете лица биле префрлени за лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, се работи на утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница