Гостивар
Во полициска акција во Гостивар казнети 19 моторџии
Вчера (24 август) во периодот од 17 до 23 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 38 прекршоци, по 19 на тетовското и на гостиварското подрачје.
Најголемиот број од прекршоците (26) се однесувале на неносење на заштитен шлем, кацига (ТЕ-12 и ГВ-14), додека 6 мотоциклисти (ТЕ5 и ГВ-1) управувале без возачка дозвола, 4 во Гостивар со истечена осигурителна полиса, а 2 направиле други видови прекршоци, соопшти полицијата, додавајќи дека сите прекршители се санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци.
Инаку, вчера на поширокото тетовското подрачје биле санкционирани уште 6 други лица кои, исто така, непоседувале возачки дозволи, меѓу кои и еден малолетник.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница