Поврзи се со нас

Гостивар

МЗ се огласи за случајот во Врапчиште со замена на починати од ковид

Објавено

на

Откако ТВ 21 вечерва објави скандалозен случај на испорака на погрешно тело за погреб кај семејство во Врапчиште, Министерството за здравство се огласи со соопштение во кое се вели дека грешката не е на Клиниката за инфективни болести и дека телата до семејствата ги доставуваат погребалните претпријатија.

„Министерството за здравство информира дека вечерва на неколку медиуми беа објавени неточни информации дека Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по грешка испратиле тело на починат пациент, кај семејство во Врапчиште гостиварско. Ја информираме јавноста дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка. Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19. По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот“, наведуваат од МЗ.

ТВ21 објави дека кај семејство од Врапчиште наместо телото на нивната почината 61 годишна мајка, за погреб било донесено тело на непознат маж. Телото на починатата жена подоцна било пронајдено и предадено на семејството.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 4 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 6 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 10 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 11 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 13 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 15 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 16 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена