Поврзи се со нас

Гостивар

На првиот училишен ден Шабани во посета на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар

Објавено

на

Заменик министерот за образование Арафат Шабани на првиот училишен ден беше во посета на гостиварското основно училиште „Исмаил Ќемали“. Од таму им посака среќа на учениците во новата учебна година и порача дека за безбедно и успешно спроведување на образованиот процес неопходно е да се почитуваат протоколите пропишани за работа на училиштата во пандемиски услови.

„Честитки до сите наставници, родители, ученици за почетокот на новата учебна година, а и до сите нас што после година и пол децата се враќаат во училишните клупи со настава со физичко присуство. Апелирам до сите да се придржуваат до протоколите за да имаме успешно реализирање на наставниот процес. Знаеме и осетивме како е децата да бидат онлајн, тоа беше една вонредна состојба во којашто немавме друга алтернатива. Сега училиштата се отворени и очекуваме така да продолжат да работат“, изјави Шабани.

Во однос на спроведувањето на протоколите директорката Шпреса Усеини рече дека веќе се навикнати на ваков начин на работа, со оглед дека и лани дел од учениците следеа настава со физичко присуство. „Не ни е проблем да се држиме до протоколите, тие не се ништо ново за нас, така работевме и минатата година и немавме никакви пречки. Годинава секако бројот на деца што ќе доаѓаат на училиште ќе биде поголем, но подготвени сме да ја организираме работата како што е пропишано“, рече Усеини.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 3 минути

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 53 минути

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 4 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 4 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 4 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 5 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 6 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 21 час

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена