Гостивар
Почна реновирање на црквата „Пресвета Богородица“ во Гостивар
Денес отпочнаа активности за реновирање на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на Гостивар. Од гостиварското архиерејско намесништво информираа дека ќе се работи на покривот и фасадата на храмот. Упатен е повик за донирање средства.
„После изминати 20 години од последното реновирање се појави потреба од повторно реновирање на кровниот дел, поради протекување и фасадниот дел со уредување, бојадисување и санирање на пукнатини. Активностите почнаа денес. По тој повод кој е во можност може да донира и придонеси за поубав изглед. Благодарност на сите досегашни донатори. Света БОГОРОДИЦА нека е напомош на сите.“, се вели во информаицјата.
Инфо за донација во самиот храм со назнака за донација за реновирање или на жиро сметка 300 11 0000 155 376.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот