Гостивар
Контроли на полицијата во Гостивар и Тетово – казни за неисправни сопирачки, возење без дозвола…
Денеска (13 октомври) од 8 до 14 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за техничката исправност на возилата, управување без возачки дозволи и за погрешно паркирани возила. На гостиварските простори, санкционирани биле 6 возила (1 со неисправни сопирачки, 1 со други недостатоци и 4 со истечена сообраќајна дозвола), 3 возачи (2 без валидна дозвола и 1 со важечка забрана за управување), додека 2 возила поради погрешно паркирање биле подигнати од гостиварската „пајак-служба“. При контролата, исто така, откриени се и 2 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со законски предвидените мерки.
На тетовските простори откриени и санкционирани се 7 технички неисправни возила, од кои 5 со неисправни сопирачки, 1 со измината сообраќајна дозвола и 1 со други недостатоци. Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, санкционирани се и 5 возачи без возачки дозволи и 1 возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот, а адекватно санкционирани биле и 13 непрописно, односно погрешно паркирани возила, како и 6 други видови прекршоци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот