Поврзи се со нас

Македонија

Во Собранието се чека на следните чекори на власта и опозицијата по најавата за ново мнозинство

Објавено

на

Во Собранието на Република Северна Македонија до пладне премиерот Зоран Заев не достави оставка, а доколку тоа не се случи, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, до 14:30 часот тие ќе поднесат иницијатива за гласање на недоверба на Владата. Во рок од три дена од моментот кога оваа иницијатива ќе дојде кај претседателот на Собранието Талат Џафери, тој треба да закаже седница за гласање кога и официјално ќе се види кој има мнозинство во Парламентот и кој би ја предводел новата Влада.

На денешната координативна средба во Собранието со Џафери не се зборувало за најавите на опозицијата, туку за почнувањето на постапката за носење на буџетот за следната година. Комисиската расправа почнува на 15-ти ноември, а седницата за негово носење би се одржала до крајот на месецов. На 25 ноември би имало уште една седница за пратенички прашања.

Каква и да биде политичката разврска со мнозинството и формирањето Влада, Буџетот за следната година мора да се донесе и тоа ниту опозицијата ниту владејачките партии не го ставаат под прашање.

Пратениците од власта не коментираат дали премиерот ќе поднесе оставка, ниту пак дали опозициските партии имаат 61 пратеник. Тоа, велат тие, никој не знае.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека ќе чекаат до 14 и 30, а потоа ќе ја поднесат иницијативата за гласање недоверба во Владата. Посочуваат дека Собранието нема да се распушти кога ќе се изгласа недоверба на Владата и дека Буџетот за следната година треба да биде донесен. Како што наведуваат од оваа партија, доколку биде потребно подготвени се да прифатат и брзи избори.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 11 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 13 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 15 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 17 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 19 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 20 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 21 час

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 22 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена