Поврзи се со нас

Гостивар

10.000 лица во регион на Гостивар имаат дијабет-младите медицинари со совети за превентива

Објавено

на

Во пресрет на Светскиот ден на дијабет, 14 ноември, средното медицинско училиште во Гостивар во соработка со Здружението на дијабетичари организираше настан на плоштадот. Младите медицинари на посебни штандови им мереа на граѓаните ниво на шеќер во крвта, делеа летоци со совети и им подаруваа овошје со препорака да конзумираат здрава храна.

„Со активностите што ги прават денес учениците од средното медицинско училиште, сакаме да испратиме порака дека граѓаните треба да внимаваат на своето здравје, да се хранат здраво и редовно да го контролираат нивото на шеќер во крвта“, рече директорот на училиштето Елбаш Абази.

Претседателот на Здружението на лица со дијабет во Гостивар, Велко Бобароски рече дека последните години расте бројот на лица кои имаат проблем со дијабетесот и дека дополнително влијание врз зголемувањето има и ковид пандемијата.

„Моменталната бројка на ниво на држава е 220 илјади, додека во Гостивар и гостиварско е 10.000, тоа се регистрирани лица со дијабет, од кои дел се на инсулинска терапија. Ваквите настани, како овој денес во Гостивар ни помагаат да откриеме и нови случаи, за да се помогне навремено. Порастот на дијабетот во последните години е голем, а сето тоа се должи на неправилната исхрана, немање физичка активност, секако влијае и ковид ситуацијата“, рече Бобароски.

Светскиот ден на дијабетесот е инициран во 1991 година од страна на Интернационалната федерација за дијабетес и Светската здравствена организација како одговор на зголемената загриженост од ескалацијата и заканата по здравјето што ја предизвикува дијабетесот. Стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година со усвојувањето на Резолуција и се одбележува секоја година на 14 ноември, роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој ко-открил инсулин со Чарлс Бест во 1922 година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 12 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 14 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 17 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 17 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 17 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 18 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена