Поврзи се со нас

Вести

Во Австрија невакцинираните смеат да излегуваат од дома само за основни потреби

Објавено

на

Состојбата со Ковид-19 регионот се влошува. Дел од земјите ги заострија мерките за заштита. Австријците кои се невакцинирани, од полноќ се во „локдаун“ врз основа на одлуката на австриската Влада. Австрискиот Парламент ги усвои соодветните правни акти, со кои може да се примени новата мерка. Согласно владината одлука, сите граѓани кои не се вакцинирани против коронавирусот од вчера се во строго „заклучување“. Лицата кои немаат валиден сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19 не постара од 180 дена, веќе не можат да влезат во сите продавници.

Со воведувањето на правилата „2G“ невакцинираните веќе се оневозможени да влегуваат во угостителски, туристички, забавни и спортски објекти, но и во фризерски салони, козметички салони и слично. Отсега можат да одат само да купуваат намирници за секојдневна употреба, како производи и средства за хигиена. Сите невакцинирани лица можат да го напуштат домот само за да одат на работа, да посетат лекар, да одат во аптека, физички и психички да се опорават односно да пешачат, како и да им помогнат на други. Дополнително, невакцинираните лица имаат право да се сретнат само со едно лице од друго домаќинство. Тие можат да го напуштат сопствениот дом за да посетат црква, но и да одат на училиште или на факултет. Новата мерка се однесува на сите невакцинирани граѓани постари од 12 години. Лицата кои примиле само една доза од вакцината, до другата ќе треба редовно да се тестираат за да бидат исклучени од овие мерки.

Во Црна Гора вчера стапија во сила нови епидемиолошки мерки со кои се забрануваат новогодишни прослави на отворено, свадби на отворено и во затворен простот, како и работа на ноќните клубови. Исто така, се ограничува и работното време на угостителските објекти до полноќ и забрането е организирање ученички екскурзии и излети, приватни прослави и родендени, а престој во куќи и станови се препорачува само за членови на исто семејство.

Владата на Црна Гора се уште ја разгледува можноста од 1 декември да воведе задолжително поседување Национален дигитален ковид-сертификат за целата јавна администрација – здравство, образование, полициска управа, армија, пренесува РТЦГ. Доколку бидат усвоени тие мерки, од 1 декември Националниот дигитален ковид-сертификат ќе биде неопходен и за влез во јавен превоз, трговски центри, спортски сали, деловни простории и бизнис објекти, во кои дејност вршат повеќе од три компании, односно претприемачи и објекти со површина над илјада метри квадратни, каде се врши малопродажба на непрехранбени производи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 7 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 8 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 10 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 11 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 12 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 13 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 14 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 15 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена