Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Костени – омилените есенски плодови многу корисни и за здравјето

Објавено

на

Костените се вистински симбол на есента, а освен што се исклучително вкусни, одлични се и за здравјето на луѓето бидејќи содржат вредни хранливи материи. Важно е да се напомене дека постојат два вида на костени – питоми костени чиј плод се јаде и див костен, кој служи како украс и чии цветови се лековити. Плодот на дивиот костен не се јаде.

Костените се богати со витамин Ц и содржат малку маснотии. Може да се јадат како вкусна закуска, а од варени костени се прави пире, што е совршен додаток на многу јадења и колачи.

Костените сега ни се достапни па искористете ја нивната сезона додека трае и задолжително вклучете ги во вашето мени. Подолу откриваме зошто костените се одлични за здравјето на луѓето.

Тие се богати со витамин Ц

И покрај тоа што се мали по големина, костените содржат голем број на хранливи материи, меѓу кои се издвојуваат антиоксидансите. Тие се одличен извор на витамин Ц, но и други хранливи материи како што се витаминот К, Б5 и Б3 и фосфор и магнезиум. Во споредба со другите јаткасти плодови, костените содржат помалку калории бидејќи имаат помала содржина на масти, па затоа се добар избор за сите оние кои се борат со вишокот килограми.

Добри се и за здравјето на срцето

Бидејќи се богати со антиоксиданси и минерали како што се магнезиум и калиум, костените можат да го намалат и ризикот од разни кардиоваскуларни болести и мозочен удар. Тие се добар извор на вредни хранливи материи кои позитивно влијаат врз здравјето на срцето.

Iмаат корисен ефект врз варењето на храната

Костенот може позитивно да влијае и на дигестивниот систем. Имено, овие вкусни јаткасти плодови се добар извор на влакна за кои е познато дека се важни за работата на варењето. Покрај тоа, тие ја стимулираат работата на здравите бактерии кои се наоѓаат во нашите црева. Костените не содржат глутен, па затоа се одличен избор за луѓето кои избегнуваат глутен.

Го контролираат нивото на шеќер во крвта

Костени кои содржат влакна, исто така, имаат добар ефект врз нивото на шеќер во крвта. Со конзумирање на храна која содржи висок процент на влакна, нашето тело побавно го апсорбира скробот, па нема нагли скокови на шеќерот во крвта. Освен тоа, костените имаат и низок гликемиски индекс што значи дека нема да предизвикаат големи промени во нивото на шеќер во крвта кога ги јадеме.

Како да ги подготвите?

Костените може да се јадат и сирови, но треба да се има предвид дека содржат танинска киселина, што значи дека можат да предизвикаат иритација на цревата или мачнина. Луѓето со проблеми со бубрезите или црниот дроб треба да бидат внимателни. Во овој случај, костените најдобро е да се јадат печени или варени.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 26 минути

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 2 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 3 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 4 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 5 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 6 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 7 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 8 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 9 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена