Култура
Француско-германски саем на книги во Гостивар
Читањето како можност за интеграција и подобро меѓусебно разбирање во Гостивар се промовираше преку Француско-германски саем на детска литература, под наслов „Го читаме другиот“ . Манифестацијата, што се одржа во Центарот за култура е дел од проект кој заеднички го спроведуваат Францускиот институт и Гете-институтот од Скопје.
Саемот беше наменет за ученици од гостиварските училишта кои ги изучуваат овие два јазика како наставни предмети. Настанот беше исполнет со литературно читање, работилница како и дружење со германски и француски писатели за деца.
„Целта на проектот е да се нагласи дека јазиците не претставуваат конкуренција еден на друг, туку напротив, изучувањето на еден јазик, дали е тоа германски, француски, македонски или албански јазик, овозможува создавање на блиски социјални врски и притоа можат да се наминат невидливите бариери меѓу различните заедници“, изјави Гордана Вугерт Бабоска, од Гете институт
Исти вакви саеми во рамки на проектот беа организирани и во Скопје и Битола. Активностите се реализираат со поддршка на Германско-францускиот културен фонд и Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот