Поврзи се со нас

Гостивар

Разбиена криминална група од Гостивар, запленета марихуана вредна 300.000 евра

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден (14 декември) од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со полициски службеници од ОВР Гостивар во координирана полициска акција разбиена е организирана криминална група, со што е пресечен меѓународен транспорт за недозволена трговија со дрога при што се запленети околу 100 кг марихуана во вкупна вредност од 300.000 евра.

МВР соопшти дека во текот на денешниот ден (15 декември), Одделот до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три се од  Гостивар и едно од Дебар, на возраст од 30 до 47 години, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик.

„Со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во периодот до декември 2021, пријавените лица набавиле марихуана, која ја сместиле во објект во гостиварско, а на 14.12.2021 дел од неа, по претходен договор ја предале на еден од пријавените, кој со товарно возило за одреден паричен надомест требало да се транспортира до Р.Бугарија“, соопшти портпаролката на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

На 14.12.2021 околу 17.15 часот, од страна на полициските службеници при ОСОСК на патарина „Глумово“, при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, биле пронајдени 19 црни вреќи, во кои биле сместени вкупно 189 пакувања со марихуана.

Истиот ден, врз основа на Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на неколку локации во Гостивар, при што се пронајдени поголем износ пари во различни валути и апоени и предмети за истражната постапка.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 8 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 9 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 11 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 12 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 13 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 14 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 15 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 16 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена