Спорт
КК Гостивар со убедлива победа против Кожув ја прекина негативната серија
Кошаркарите на КК Гостивар ја прекинаа серијата од три порази со сигурен настап против Кожув, добивајќи го натпреварот со +29 поени разлика, односно 97-68.
Кожув парираше само во првите 10 минути, период кој беше изедначен (24-22), а потоа се беше во знакот на домаќинот. Цврстата одбрана на гостиврци во вториот период ги задржа гостите на само 13 постигнати поени (21-13), по што на паузата се замина со резултат 45-35.
Победникот беше одлучен во третиот период во кој кошаркарите на Гостивар успеаа да постигнат 33 поени, добивајќи го периодот (33-17), а до крајот само рутински ја довршија работатата за конечни 97-68.
Александар Тодоровиќ со 28 поени и 9 скока ги предводеше гостиварци, Ворку запиша 16, Ефремовски и Дејли по 15, Силаџи 11 поени, Јанески постигна 10 и младиот Тома Стојаноски 2 поени.
Кај Кожув најрасположен беше Симоновски со 16 поени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот